Декември 2025

Германски божиќен базар во Прилеп

Драги ученици, почитувани колеги, родители и сите љубители на германскиот јазик и култура,

со голема чест и задоволство ве покануваме на Божиќниот базар 2025, кој годинава ќе се одржи во градот под Марковите Кули - во Прилеп.

Ве очекува топла, празнична и вистински волшебна атмосфера исполнета со насмевки, музика и мириси што го најавуваат Божиќ. Бидете дел од нашата предновогодишна приказна и лично уверете се во креативноста, трудот и посветеноста на нашите млади германисти. Учиме, твориме и дејствуваме одговорно, притоа споделувајќи љубов, ентузијазам и германска празнична традиција.

Ви посакуваме добредојде!