


Еднодневен семинар на „Арс Ламина“ и Hueber Verlag
Во пријатниот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во Дајмонд мол – Скопје, на 12 септември 2025 година се одржа еднодневен семинар во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ и германскиот издавач Hueber Verlag од Минхен.
На настанот присуствуваа наставници по германски јазик од средните училишта низ Македонија, а семинарот го водеше Ивана Хорватинчиќ Ајаји, долгогодишна советничка и обучувачка за Hueber Verlag, со богато искуство во наставата по германски и англиски јазик.
Темата на семинарот – „Генерацијата Алфа во училница: што ги мотивира, што им е потребно?“ – беше реализирана преку презентација на новиот учебник за прва година гимназиско образование „Ein tolles Team“, чиј застапник и дистрибутер за Македонија е „Арс Ламина“.

Еднодневна обука на „Просветно Дело“ и германската издавачка куќа Ernst Klett Verlag
На 29 и 30 септември во Скопје се одржа еднодневна обука за наставниците по германски јазик од основните училишта, посветена на промоцијата и практичната употреба на новоодобрените дидактички помагала од едицијата „Klasse!“ на Ernst Klett Verlag, одобрени од Министерството за образование и наука.
Организатор на настанот беше издавачката куќа „Просветно Дело“ од Скопје, во соработка со Ernst Klett Verlag од Германија и Здружението на наставници по германски јазик. Во фокусот на обуката беше новиот учебник „Klasse!“, кој го претстави стручниот консултант на Ernst Klett Verlag, г-ѓа Џенифер Сванда. Настанот понуди можност за размена на искуства и идеи, како и за стекнување практични вештини за примена на современи наставни пристапи.

Обука за наставници по германски јазик
На 22.11.2025 година, под покровителство и во организација на Гете-институтот Скопје, во просториите на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп се одржа првата еднодневна обука од циклусот на предвидени семинари за наставници по германски јазик.
Темата беше инспиративна, практична и секогаш актуелна.
Учесниците дискутираа за современо обликување на наставата по германски јазик преку мотивација, активно учење, акција и истражување. Посебен акцент беше ставен на употребата на дидактички материјали, наставни игри, методи и креативни форми, како и на многуте идеи што веднаш можат да се применат во училница.
Атмосферата беше енергична и динамична – исполнета со корисни „аха“-моменти, богата дискусија и насмевки на секој чекор.
Голема благодарност упатуваме до колегите од Прилеп, Кавадарци и Битола кои присуствуваа на обуката. Нивната посветеност е двигателот на квалитетната и современа настава!

Обука за наставници по германски јазик - Штип
Гете-институт Скопје поканува на еднодневен семинар на тема: „Обликување на наставата: мотивација, акционо ориентирање и материјали во наставата по германски како странски јазик“
Датум: 9 декември 2025
Време: 14:00 –19:30 часот
Локација: Гимназија „Славчо Стојменски“, Штип
Настанот го е дел од новиот циклус стручни обуки за наставници по германски јазик.
Дополнителни информации и можност за пријавување најдоцна до 05.12.2025 на следниот линк: