Ноември 2025

Обука за наставници по германски јазик

На 22.11.2025 година, под покровителство и во организација на Гете-институтот Скопје, во просториите на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп се одржа првата еднодневна обука од циклусот на предвидени семинари за наставници по германски јазик.

Темата беше инспиративна, практична и секогаш актуелна.

Учесниците дискутираа за современо обликување на наставата по германски јазик преку мотивација, активно учење, акција и истражување. Посебен акцент беше ставен на употребата на дидактички материјали, наставни игри, методи и креативни форми, како и на многуте идеи што веднаш можат да се применат во училница.

Атмосферата беше енергична и динамична – исполнета со корисни „аха“-моменти, богата дискусија и насмевки на секој чекор.

Голема благодарност упатуваме до колегите од Прилеп, Кавадарци и Битола кои присуствуваа на обуката. Нивната посветеност е двигателот на квалитетната и современа настава!