Октомври 2025

Октоберфест 2025 во „Дом на АРМ“ – без пиво, но со многу смеа!

Кој вели дека за добар Октоберфест мора пиво?

Нашиот училиштен Октоберфест 2025 покажа дека и без кригли, може да има мнооогу радост, песна и германски дух!

На 8 октомври, „Дом на АРМ“ - Струмица беше исполнет со боите на Германија, со звуци на музика, мирис на вкусни залчиња и најважно со насмевки на сите лица!

Голема благодарност до сите ученици, наставници и гости кои го направија овој ден незаборавен. Вашата енергија и ентузијазам ја создадоа вистинската магија на настанот!

Се забавувавме, учевме, игравме и – уште еднаш – докажавме дека учењето германски може да биде и забавно и вкусно!

До следната година — Auf Wiedersehen, Oktoberfest!

А до тогаш — продолжуваме да го славиме германскиот јазик, култура и дух, секој ден во училницата!